понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотСценаЕдинаесеттиот по ред „Десонанз 2019“ со шестдневна програма

Единаесеттиот по ред „Десонанз 2019“ со шестдневна програма

Во својата 11- та година, Desonanz Festival 2019 влегува со децениско искуство, но и нова свежина и обновен глад за релевантна и современа музика во Скопје. Низ 6 фестивалски денови, програмата оваа година поврзува и обединува не само повеќе жанрови на уметност и стилови на музика, туку и воспоставува временски нишки низ историјата на експерименталната уметност и електронската музика од своите рани искри до денешницата.

Програмата почнува на 28 октомври во киното Фросина (МКЦ), по што следат настани во Музеј на Град Скопје (29 и 30 октомври), на 31 октомври и 1 ноември фестивалската програма се одвива во Клуб Минус 1, а завршницата на фестивалот е на 11 декември во МКЦ – Денсинг Сала.

Десонанз Фестивалот е организиран во соработка и партнерство на Гете-институт Скопје и 3.14 Брокули – Скопје.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје.

Информации за картите може да се најдат на сајтот www.desonanz.org

Програма:
28.10.2019 – Понеделник / Кино Фросина (МКЦ)
[On Selfhood] Marija Bozinovska Jones
Voice interface: MBJ Wetware
Music: J.G. Biberkopf

Shaddah Tuum (live) [Portals Editions ::: USA/FR]

29.10.2019 – Вторник / Музеј на Град Скопје – Соба со Артефакти (Слободен Влез)
Amplidyne Effect 10 Years Anniversary
[AMPEFF Records ::: MKD]

30.10.2019 – Среда / Музеј на Град Скопје – Голема Сала (Слободен Влез)
Проекција на немиот филм на “From Morn to Midnight” (1920) од Karl Heinz Martin и изведба на нов саундтрак на филмот, компониран и изведен во живо од T-Scale, Ogie и Kronom

31.10.2019 – Четврток / Клуб Минус 1
Pilocka Krach [Greatest Hits International, Monika Enterprise ::: DE]
Ивана Драгшиќ [Longbus ::: MKD]

01.11.2019 – Петок / Клуб Минус 1
Sascha Funke [Multi Culti, Endless Flight, Turbo, Kompakt ::: DE]
T-Scale [Loose Lips, Faster Than Music ::: BE]
Martchin [Desonanz Festival, BTKRSH ::: MKD]

11.12.2019 – Среда / МКЦ – Денсинг Сала
Мултимедијалeн + танцов перформанс: Ивана Коцевска – “Kintsugi”
OAKE (live) [Downwards, Stroboscopic Artefacts ::: DE]
parhelic shell (live) [NVNA ::: FR]

Соработници и благодарност до: Audiobahn, BKW, frekvencii.mk, Phonolux, PopUp, Отворено Графичко Студио, Kinoteka na Makedonija, Kantina, Kino Karpos, Longbus, Minus Eden, Hotel Skopje

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ