Во организација на Сојуз на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Eр Скопски Маратон 2020, на 5 април 2020 ќе се одржи 8-тата АВИЦЕНА ЖЕНСКА ТРКА.
Во насока на подигнувањето на свесноста за семејното насилство, организаторот на трката во соработка со Националната Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство ве покануваат да учествувате на трката и да донирате за активностите насочени кон ублажување на овој феномен.
„Со купување на маичката брендирана со логото на Авицена Женска Трка, се донираат по 100 денари за Интервентниот женски фонд на Национална Мрежа Против Насилство врз Жените и Семејно Насилство и секој добива: вие сувенир од трката, а жените ја добиваат нашата заедничка поддршка!“ велат организаторите.
Секоја трета жена е жртва на насилство, на секоја трета жена ѝ е потребна нашата заедничка помош!
“Секоја трета“ е сосетката од петти, наставничката на вашите деца, вашата професорка, докторка, секретарка, хигиеничарка… “Секоја трета“ е огромна бројка! Секоја втора од нив е исплашена да го пријави насилството или да превземе било какви мерки против насилникот!
Маичката може да ја набавите и самостојно, како дополнителен продукт на истиот начин како и пријавување за трката на следниот линк: http://zenskatrka.mk/
Фондот е наменет за помош на жени жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина. Фондот дава иницијална помош кој ќе биде за обезбедување на медицинска документација, извештаи од специјалисти, ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош, како и други итни мерки за поддршка на жената да излезе од насилната врска.