Крузерот „Опера“ од брендот МСЦ денеска се најде во центарот на вниманието, кога до патниците кои се наоѓале на екскурзија во Атина им стигнала информација да се вратат на бродот. Тие биле информирани дека мора да се вратат и да останат на бродот се додека не добијат друго известување. Како што пишуваат англиските медиуми, (на бородот најголем број од патниците биле англиски туристи), на патниците им било кажано дека не смеат да излегуваат бидејќи им е јавено дека пред нив на бродот имало турист кај кој бил регистриран корона вирусот. Мерките биле превземени со цел ако има заразени да не ја шират заразата во Атина, каде веќе има неколку лица регистрирани со вирусот. Станува збор за австриски турист кој бил на претходната тура и кој слегов во Џенова, каде и му била регистрирана заразата.
Според пишувањето на порталот kerkyrasimera.gr досега, локалните власти не ја потврдија официјалната состојба за какво било избувнување корона вирусот на крстаречкиот брод „Опера“со 1572 патници. Извор од порталот тврди дека од пристаништето на Крф, им било кажано дека според распоредот бродот се очекува да исплови кон Крф утре во 11 часот и дека засега нема информација за карантин на бродот.
„Ги следиме информациите со големо внимание“, коментираше министерот за политика на островот, Јанис Плакиотакис во телевизиско интервју. Според „Етнос“ за неколку часа ќе се истестираат сите патници на бродот за да се знае дали некој од патниците има коронавирус.
Нема информации дали на крузерот има македонски државјани.
Н.С.