сабота, ноември 30, 2024
домаЖивотЗдравјеКоронавирусот пристигна и во БиХ: Работник вратен од Италија го заразил и...

Коронавирусот пристигна и во БиХ: Работник вратен од Италија го заразил и синот

Во Бања Лука, Босна и Херцеговина потврден е првиот случај на инфекција со коронавирусот, а според официјалните информациите, нултиот пациент заразил и дете.

На вонредна прес-конференција, министерот за здравство и социјална грижа на Република Српска, Ален Шераниќ, изјави дека се работи за работник од Бања Лука, кој дошол од Италија, а позитивно на коронавирусот е и неговото дете, додека неговата сопруга била негативна.

На прес-конференцијата исто така е кажано дека пациентот е сместен во Универзитетскиот клинички центар на РС, дека е во добра општа состојба, со блага температура. Неговото дете кое е тестирано и позитивно на коронавирусот, последниве денови присуствувало на часови во основното училиште „Бранко Чопиќ“, поради што училиштето ќе биде затворено, објави „Српскаинфо“.

Од превентивни причини во тек е дезинфекција на училиштето „Бранко Чопиќ“, а наставата ќе биде прекината до понатамошно известување, а ќе бидат прегледани сите деца од одделението на заразениот ученик, пренесе „Вијести“.

Вирусот што потекна од кинескиот град Вухан се рашири на сите континенти, а во регионот регистрирани се случаи и во Хрватска, Унгарија, Романија, Словенија, Италија, Грција…А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ