петок, ноември 29, 2024
домаЖивотКорона вирусот и соседството: Косово ги пријави првите случаи на заразени

Корона вирусот и соседството: Косово ги пријави првите случаи на заразени

Епидемијата на корона вирусот се шири низ цела Европа, а и Балканот не е имун. И доека кај нас бројот на регистрирани е 12, во соседството бројот на заразени е многу повисок. Грција е на прво место по заразени, а и Косово ги пријави првите инфицирани од корона вирусот.

Бугарија

Владата на Бугарија воведе вонредни мерки на територија на цела држава и во период од еден месец и до 13 април  ќе работат само продавниците за основни намирници и аптеките низ цела Бугарија.

„Има случаи на масовна инциденца во Бугарија. Постојат три гнезда на заразата кои се независни едни од други – Габрово, Плевен, Софија “, објави началникот на оперативниот штаб.Според него, 80% од луѓето се полесно болни, дури и не сфаќаат дека се болни. „Но, од другите 20%, на скоро половина им е потребна реанимација – апарат за дишење“, додаде тој.

Контролата на аеродромот во Софија останува и понатаму многу рестриктивна. Сите патници се задолжени да пополнат декларација за  нивното патување, дури и ако термичките фотоапарати не ја регистрираат топлината на кој било патник што доаѓа од ризична дестинација.

Бугарските медиуми информираат дека на граничните премини има големи гужви, како и тоа дека Северна Македонија, сериозно ги заострила граничните контроли. Нова бг. пишува дека Гуешево е единствениот граничен премин на кој се прифаќале патници од земји во ризик. Ова предизвика загриженост кај луѓето во регионот на Ќустендил. Сепак, од петок навечер, луѓето кои доаѓаат од Италија, Германија, Франција, Шпанија, Иран и Кина немаат право на пристап до земјата. Бугарите сè уште можат слободно да поминат низ контролниот пункт Гушево.

Србија

До 18 часот, 35 лица биле заразени со вирусот корона, бидејќи четири нови случаи биле потврдени во Институтот Торлак во последните 10 часа. Од утринскиот извештај, тестирани се 25 примероци, а 21 негативни.

Сепак, како што е наведено од надлежните, нема да има понатамошно прекинување на наставата во училиштата и колеџите, ниту градинките ќе ја прекинат нивната работа.

Младиот српски фудбалер и напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ, е позитивен за вирусот корона. Тој е дома и „нема симптоми“.

„Клубот во моментов е во фаза на извршување на целата неопходна изолација во согласност со правилата, започнувајќи со идентификација на сите луѓе кои биле во контакт со фудбалерот“, се вели во соопштението.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, вечерва објави дека Србија ќе ја затвори границата со Романија, во обид да го спречи ширењето на вирусот  во Србија.
Министерот за здравство, Златибор Лончар, посочи дека се регистрирани заразени со вирусот во Белград, Ниш, Кикинда, Нови Сад, Чачак.

Косово
Премиерот на привремените институции во Приштина, Албин Курти и министерот за здравство, Арбен Витија, на вонредна прес-конференција потврдија дека се регистрирани првите два случаи на вирусот корона на Косово. Курти ги повика граѓаните да не паничат и ги замоли да останат дома колку што е можно повеќе и да се придржуваат кон препораките за превенција.

„Повикувам на смиреност и луѓето да не одат на Клиниката за инфективни болести ако немаат знаци на болест“, рече Курти.

 Црна Гора ги затвори училиштата и ги забрани сите собири

Владата на Црна Гора донесе одлука да ги прекине сите јавни и приватни собири и митинзи, како и да ја прекине наставата во образовните институции најмалку 15 дена. Бродовите за крстарење и јахтите во пристаништата исто така се забранети.

Албанија

Во последните 24 часа се извршени 159 нови тестови, со што вкупниот број тестови се искачи на 457. До денес, 33 случаи се потврдени позитивни со COVID-19, од кои:
8 од нив се хоспитализирани во Болницата за инфективни болести (од Тирана, Драч, Фиер и Рогожина), 25 случаи се само-изолирани со добра здравствена состојба дома.

Досега само 1 лекар е со позитивен резултат, кој нема симптоми и во моментов е самоизолиран, пренесува Албаниан њус.

Грција

Грчките здравствени власти во петокот објавија дека бројот на потврдени дијагностицирани случаи на коронавирус коровид-19 кај нацијата се искачи на 190. Петмина од хоспитализираните се во сериозна состојба, додека вкупно 2.700 медицински тестови се спроведени за вирусот.

Меѓу новите мерки за итни случаи што ги објави владата е затворањето на сите трговски центри, кафулиња, ресторани и барови. Супермаркетите, пекарите, аптеките и приватните здравствени установи ќе останат отворени.

Во четвртокот, владата објави дводневно затворање на сите  театри, кина, спортски сали, детски игралишта и ноќни клубови во земјата за да помогне во контролата на ширењето на коронавирусот. Министерството за култура исто така објави дека ги затвора музеите и археолошките места во земјата најмалку до 30 март.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ