петок, ноември 29, 2024
домаЖивотДр Стојановска порачува да пиете парацетамол, а не ибупрофен

Др Стојановска порачува да пиете парацетамол, а не ибупрофен

Деновиве една од главните теми е и лековите кои (не)треба да се пијат во услови на ширење на корона вирусот. Една од темите  е и потребата да се избегнува консумацијата на ибупрофенoт, откако министерот за здравство на Франција кажа дека луѓето што покажуваат симптоми на ковид 19 треба да употребуваат парацетамол (ацетаминофен) наместо ибупрофен, лек за кој рече дека може да ја влоши состојбата.

Министерот, Оливер Веран, во саботата на 14 март на неговиот официјален твитер профил твитна дека луѓето со осомничен ковид-19 треба да избегнуваат антиинфламаторни лекови. „Да се ​​преземат антиинфламаторни лекови (ибупрофен, кортизон.) Може да биде отежнувачки фактор за инфекцијата. Ако имате треска, земете парацетамол “, порача тој.

Д-р Јадранка Стојановска од Универзитетот во Мичиген, доценткардиоторакален радиолог, анализирајќи ги доктроите од Франција и Велика Британија, во изјава за ТЕХТ.МК вели дека две рандомизирани студиии покажале дека пациенти кои земале ибипрофен имале повеќе компликации и посериозно се развил вирусот на корона, во однос на оние кои пиеле други лекови за намалување на треската. Според д-р Стојановска  причината лежи во антиинфламаторното дејство на ибупрофенот бидејќи тој го намалува имунитетот, што придонесува до забавување на процесот на оздравување. Таа потенцира дека анализите покажале деја овој ефект на забавување не е забележан кај луѓето кои земале парацетамол во првиот стадиум од развојот на болеста кога имаат висока температура.

Др Стојановска препорачува да пиете парацетамол, а не ибупрофен.

 

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ