петок, ноември 29, 2024
домаЖивотЗдравјеВладата предложи воведување на вонредна состојба

Владата предложи воведување на вонредна состојба

На денешната седница Владата донесе одлука да предложи воведување вонредна состојба на територијата на целата држава, соопшти на прест конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Ова е вонредна ситуација и затоа е потребна и вонредна состојба. Владата веќе нема ниту најмала дилема. Затоа на денешната седница донесовме одлука да предложиме воведување вонредна состојба на територијата на целата наша држава, сега и веднаш. Мерките ги дадоа очекуваните мерки, но тие мерки треба да се заострат со воведување вонредна состојба за да спречиме уште поголем пик. Убедени сме дека тоа може да се сречи само со вонредна состојба, истакна Спасовски.

Тој на прес конференцијата во Владата истакна дека ќе упати предлог за прогласување вонредна состојба до распуштеното Собранието, но додаде дека претседателот на државата има уставна можност да прогласи вонредна состојба на 30 дена.

Спасовски истакна дека ова ќе биде првпат да се воведе ваква мерка во историјата на нашата држава и тоа е една од најтешките одлуки што ги донела која било влада. Мерките кои досега се носеа дадоа очекувани резултати, но тие сега треба да се заострат преку воведување на вонредната состојба, за да се спречи поголем пик на коронавирусот во кратко време, појасни Спасовски.

„Убедени сме дека таквата ескалација можеме да ја спречиме со воведувањето на вонредна состојба на целата територија на РСМ“, дополни Спасовски.

Воведувањето на вонредна состојба не значи дека по автоматизам ќе се воведат рестрикции на слободите и движењата на граѓаните, туку овозможува владата да носи уредби со законска сила и нови огранучувања, со што ќе се олесни функционирањето во моменталната ситуација, најмногу во економскиот дел, појасни тој.

Спасовски им порача на граѓаните да ги откажат патувањата и да не му пркосат на вирусот, а оние кои ќе сакаат да излезат од земјава ќе треба да потпишат изјава дека нема да се вратат 3 месеци.

Предлогот на Владата е испратен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој треба да го свика Собранието, но бидејќи е распуштено, поверојатно е вонредна состојба попладнево да прогласи претседателот Стево Пендаровски. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ