вторник, ноември 26, 2024
домаЖивотСе бара максимална заштита за здравствените лица

Се бара максимална заштита за здравствените лица

На седумнаесеттиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан денеска, посебно внимание беше посветено на заштитата на медицинските работници и за обезбедувањето услови за максимална заштита во нивната секојдневна работа во справувањето во пандемијата.

Оттаму информираат дека едногласно преовлада заклучокот дека заштитата на здравствените работници, кои деноноќно работат на заштита на нашите граѓани и се на првата линија во борбата со коронавирусот е приоритет.

Министерството за здравство од почетокот на кризата воведе протоколи за заштита за здравствените работници, тоа се протоколите за заштита на различни нивоа и степени, со детални објаснувања кој протокол каде се користи. Од состанокот на Главниот координативен кризен штаб произлезе апелот до сите здравствени работници, да ја носат опремата, да се заштитат себеси и сите околу себе.

На состанокот беше препорачано Државниот санитарен здравствен инспекторат (ДСЗИ) да продолжи интензивно со контроли и санкционирање на непочитување на мерките од страна на здравствени работници кои не се придржуваат до протоколите за работа.
На состанокот беше заклучено да им се препорача на сите донатори своите донации да ги пренасочат за потребите на здравствениот систем и здравствените работници кои деноноќно посветено работат на заштита и лекување на нашите граѓани.

И додека од Главниот координативен кризен штаб постојано се апелира вработените во здравството да ги почитуваат протоколите за заштита, мединските лица апелираат дека немаат соодветна заштита!

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ