Џенифер Анистон изненади една медицинската сестра во карантин поради „Ковид-19“ со тоа што и подари картичка за подароци од $ 10,000 со која ќе може да порачува онлајн храна.
Актерката на популарната серија „Пријатели“ сакајќи да им се забалагодари на сите здравствени работници кои неуморно се грижат за заразените од корона вирус и подари картичка за бесплатни оброци на непознатата медицинска сестра.
„Здраво, душо, толку е добро да те запознаам“, и рече Џенифер на медицинската сестра на која и ја прати картичката. “Само сакам да порачам, Бог да те благослови тебе и сите што сте таму, за она што го правите. Дури и не знам да ја изразам благодарноста кон сè што правите, ставајќи го во ризик вашето здравје. Вие сте едноставно феноменални “.
Џенифер исто така им се доверила на пријателите и им кажала дека за време на карантинот ужива да биде дома.
„Јас сум роден агорафоб, се плашам од јавни места, повеќе уживам да сум дома“, рече таа.
„Миењето садови сега е моја нова омилена работа, затоа што не само што ги мијат садовите, туку постојано ги мијам рацете“, додаде таа.
51-годишната актерка требаше да се појави во специјалната серија на обединување на „Пријатели“, заедно со Кортени Кокс, Лиза Кудроу, Метју Пери, Дејвид Швимер и Мет Лебланк, за американската мрежа ХБО Макс, но пандемијата „Ковид-19“ ги запре сите активности околу снимањето.
А.Н.