петок, ноември 15, 2024
домаЖивотСценаАлександра Јанева и Наташа Малинкова споени во „Еуфорија“

Александра Јанева и Наташа Малинкова споени во „Еуфорија“

Поп-пејачките Александра Јанева и  Наташа Малинкова ја објавија својата прва соработка. Дуетот со наслов „Еуфорија“ е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.

„Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направиме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи“, вели Наташа Малинкова.

За видео-записот се погрижи продукција „Pinestel“ на Ѓорги Вацев и Пеце Здравковски.

„Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект“, дополнува Александра Јанева.

Во видеото, двете русокоси поп-пејачки пеат, танцуваат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои интензивно настапуваат низ цела Македонија. Ва.Ѓ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ