сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаБерлинецот Делта Функционен на Дезонанз 2017

Берлинецот Делта Функционен на Дезонанз 2017

Истакнатиот ветеран на светската хаус, техно и електро сцена, Делта Функционен од Берлин, овој четврток, 7 декември ќе настапи во МКЦ како дел од клубската програма на деветтото издание на фестивалот Дезонанз, во соработка со фестивалот Таксират.
Сетовите на Делта Функционен се легендарни во својата техничка софистицираност и прецизност како и сировата креативна енергија која го движи подиумот низ неговите препознатливо долги сетови. Оваа година Делта Функционен со неговите настапи ги запали берлинските Трезор и Бергаин, ја започна својата резиденција во Шелтер Амстердам и приреди незаборавна журка во клубот „Епицентар“ во Скопје.
За своите сетови, Делта Функционен вели дека раскажува приказна која не води низ непознати градови од иднината исполнета со широка палета на бои и емоции, но и чувство на слобода и забава. Неговата музика е подеднакво технички прецизно изведена и раскошно имагинативна, а дискографијата му брои три албуми и бесконечна низа на плочи.
Приказната на вечерта ќе ја започне Апостолски (Drop Series), чии вешти миксови и еклектичен избор совршено ја загреваат атмосферата, а вечерта, завршен збор ќе има Митрик (Room 313).
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ