домаНасловнаБорба против родовите дезинформации со факти, емпатија и младинско лидерство

Борба против родовите дезинформации со факти, емпатија и младинско лидерство

Дезинформацијата не е само „лажни вести“ – таа е алатка за контрола, насочена кон нашите идентитети, верувања и избори. Европскиот проект „Хроники за иднината“ (Фјучр хроникалс) се спротивставува на тоа со факти, емпатија и младинско лидерство. Преку ко-дизајнерски работилници со млади кои активно ќе учествуваат во создавањето на алатките што ќе ги користат, бесплатен онлајн курс и публикација кои ја истражуваат дезинформацијата, родот и граѓанското учество, подкаст серија – приказни, интервјуа и увиди од млади луѓе и експерти, локални настани и кампањи – јавни дебати, активности на социјалните мрежи и подигнување на свеста во шест земји: Северна Македонија, Романија, Италија, Словачка, Шведска и Шпанија.

Како што велат од Новинари за човекови права, партнер организацијата од Северна Македонија, „Фјучр хроникајлс: Од маргините до центарот“ е иницијатива поддржана од програмата „Еразмус+“, која се занимава со тоа како дезинформацијата – особено онаа што е родово обоена и интерсекционална – ја загрозува демократијата, еднаквоста и учеството на младите. Проектот ги вклучува маргинализираните млади луѓе во борбата против манипулацијата и дигиталното насилство, овластувајќи ги преку едукација, медиумска писменост и граѓанска акција.

Целите на проектот се да се овластат младите – особено жените, LGBTQIA+ заедницата и етничките малцинства – да ги препознаваат и соодветно да реагираат на штетни наративи, да се промовираат дигитална писменост и критичко размислување преку достапни и ангажирачки образовни формати, да се зајакне довербата во демократските институции и медиумите преку активно граѓанско учество, да се олесни транснационална соработка и размена на знаење меѓу младинските организации, како и да се создадат одржливи образовни ресурси: бесплатен онлајн курс, подкаст и практичен прирачник.

За сите информации поврзани со проектот, граѓаните, особено младите, ќе може да се информираат и на каналите на проектот на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, како и на веб-страницата на проектот „Фјучр хроникајлс“.

Таму е објавен и повик за учество на бесплатниот онлајн курс наменет за млади на возраст од 18 до 30 години со кој може да научат како да препознаат лажни вести, манипулативни наративи или родово заснована дезинформација. Курсот е бесплатен и достапен за сите млади кои сакаат да ја зајакнат својата медиумска писменост и критичко размислување. По успешното завршување учесниците се стекнуваат „Youthpass“ сертификат – корисен додаток за нивната биографија. Најуспешните и најмотивираните кои ќе го завршат курсот пред 15 ноември, имаат можност да бидат меѓу тројца млади учесници на Меѓународна работилница во Валенсија во декември и 3-дневно патување во Неапол напролет – одлична можност за вмрежување со млади од цела Европа. Т.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ