четврток, април 25, 2024
домаКујнаБрајан Фери со концерт во Скопје на 9 септември

Брајан Фери со концерт во Скопје на 9 септември

Човекот наречен King of the cool – Брајан Фери ќе одржи концерт во Скопје на 9 септември во Mакедонската филхармонија, да испорача уште една незаборавна вечер со неговиот харизматично шармантен настап, исполнет со сите негови хитови и хитовите на „Roxy Music“ (Avalon, Slave To Love, Don’t Stop The Dance, Jealous guy..), како и песните од последниот негов албум “Avonmore”, придружуван од 12 неверојатни музичари на сцена.

-Се разбира дека доаѓањето на човекот кој е виновен за името на Авалон Продукција, во годината кога славиме 25 години од постоењето, на 9ти септември, ден по Денот на независноста на Македонија во салата на Македонска филхармонија е чиста случајност… за тие кои веруваат во чуда! Брајан Фери e секако еден од највлијателните и најиновативни артисти на светот на сите времиња и ова ќе биде можеби последна можност да се види во живо во Македонија! – велат организаторите.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 20 април, по цена од 6.150 денари и ќе може да се набават преку новиот тикет сервис www.avalon.com.mk/tickets, онлајн, како и на билетарата на Македонската филхармонија.

Се одржува само еден концерт и во продажба ќе бидат пуштени само 700 влезници, а во периодот до 20 април ќе може да се вршат резервации на следниве телефонски броеви: 070260350 и 078365245 (секој работен ден, од 10 до 16 часот, освен сабота и недела).

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ