Како што се наближува настапот на „Brit Floyd“ во Скопје, организаторот „Авалон продукција“ информира дека продукцијата за ова големо шоу ќе биде масовна и како што вели Дамиан Дарлингтон, кој е основач на овој бенд, вредна милион долари.
На 14-ти ноември во ВИП Арената во Скопје ќе бидат поставени околу 100 светла, ласери, како и препознатливиот тркалезен круг, а сето тоа ќе биде синхронизирано со специјална видео анимација која ќе ја има во текот на целото шоу.
Концертот на „Brit Floyd“ во Скопје кој е во рамки на турнејата „Тhe Eclipse world tour“ ќе трае два ипол часа, а членовите на бендот (девет на број) ќе го претстават најдоброто од еден од највлијателните рок бендови на светот на сите времиња.
Подгответе се за вистински спектакл на 14-ти ноември во ВИП Арена, порачува организаторот.