сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСцена„BRIT FLOYD“ доаѓаат во Скопје

„BRIT FLOYD“ доаѓаат во Скопје

„The World’s Greatest Pink Floyd Show” за прв пат во Македонија со
ECLIPSE WORLD TOUR 2018!
 

Како што известува „Авалон Продукција“, по настапите пред повеќе од милион фанови низ целиот свет, на 14 ноември со почеток во 20:30 часот, во ВИП Арена- Борис Трајковски ќе имаме можност да уживаме во нешто што е многу повеќе од најдоброто трибјут „Pink Floyd“ шоу на светот.

„BRIT FLOYD“ се посветени на тоа да го оживеат „Pink Floyd“ во секоја нота и секој потег, поради што заслужено се сметаат за нешто најблиску до „Pink Floyd“.

Во Скопје носат исклучително прецизен музички перформанс придружен од неверојатно оргинално видео и анимација на препознатлива бина со пинк-флојдовскиот лак и светлосен круг, па затоа подгответе се за совршено аудио и визуелно доживување на легендарните песни од „The Piper at the Gates of Dawn” па се до „Division Bell”.

Се разбира, со заслужен третман ќе биде изведен и сечиј омилен албум „Wish You Were Here”, како и легендарниот „The Dark Side of the Moon”, кој оваа година слави 45 години.

Важно е и да се напомене дека „Brit Floyd“ доаѓаат со своја продукција: звук, светло и видео.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда, точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн, на веб страницата на ККЗС, по следниве цени и категории:
ПАРТЕР 700 денари
ФАН ПИТ 1.000 денари
SILVER SEATS 1.200 денари (блок 5, 6, 10 и 11)
GOLDEN SEATS 1.500 денари (блок 3, 4, 7, 8, 9 и 12)
ВИП 2.000 денари (блок 13)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ