понеделник, мај 20, 2024
домаКујнаЦаринска војна: Трамп тргна на Кина и ЕУ

Царинска војна: Трамп тргна на Кина и ЕУ

Кинеските власти и ЕУ остро се противат на американското воведување даноци за увоз на челик и алуминиум оценувајќи ја мерката како „напад“ на мултилатералниот трговски систем. Се подготвуваат одмазднички мерки.

„Злоупотребата на клаузула за национална безбедност на САД претставува намерен напад на мултилатералниот трговски систем, кој го има воспоставено Светската трговска организација (СТО) и ќе предизвика сериозни последици по меѓународниот трговски поредок“, соопшти Министерството за трговија на Кина и додаде дека Кина на тоа силно се спротивставува.

Кина е првиот производител на челик и алуминиум во светот, но нејзиното производство претставува само мал дел од увозот во САД, далеку зад Канада, Бразил или ЕУ. Канада и Мексико, со кои САД преговараат за трговски договори, се ослободени од американски данок. Данокот од  25 проценти за увоз на челик и десет проценти за алуминиум треба да стапи во сила за две недели.

Европскаката комесарка за трговија Сесилија Малмстром синоќа процени дека ЕУ треба да бидат ослободени од даноците за увоз на челик и алуминиум што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

„ЕУ е близок сојузник на САД и ќе продолжиме да мислиме дека ЕУ треба да бидат ослободени од овие мерки“, напиша таа во порака на Твитер, а медиумите веќе цитираа неофицијални најави дека од Брисел се подготвува одмазда.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера воведе данок за увоз на челик и алуминиум во САД игнорирајќи ги предупредувањата на голем број сојузници, предводени од Европската унија. Трамп смета дека неговиот предлог ги штити американските работници, кој го критикуваа републиканците во Конгресот. Трамп ги воведе тарифите на денот кога 11 земји потпишаа сеопфатен прогресивен договор за транспацифичко партнерство (CPTPP), во насока на отстранување на бариерите во трговијата.

Американскиот претседател претходно на Твитер изјави дека САД мора да се заштитат и да ја развијат својата индустрија за челик и алуминиум, а во исто време да „покажат голема флексибилност и соработка со оние кои се вистински пријатели“ и кои САД ги третирани праведно кога станува збор за трговијата и војската.

Главното европско здружение на производители на челик (ЕУРОФЕР), изјави денеска дека причините на претседателот на САД, Доналд Трамп за воведување на царини се апсурдни и дека овој потег би можел да чини губење на десетици илјади работни места низ целиот континент.

Шефот на ЕУРОФЕР, Аксел Егерт вели дека „националната безбедност како изговор кој го користи претседателот (Трамп) – и поврзување на овие тарифи со финансирањето на НАТО –  е апсурд“, објави АП.

Минатата година, Европската унија извезла околу 5,5 милиони тони челик во САД. Европските производители на челик се загрижени поради губење на пристапот до пазарот во САД, но и поради опасноста од „поплава“ од понуди на челик од други земји.

„Загубата на извозот во САД, во комбинација со очекување на голем пораст на увозот во ЕУ би можела да чини губење на десетици илјади работни места во индустријата за челик и сродни сектори во ЕУ“, рече Егерт.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ