четврток, декември 19, 2024
домаКујнаЦрна Гора ги ублажи мерките против коронавирусот: Излез до 23 часот и...

Црна Гора ги ублажи мерките против коронавирусот: Излез до 23 часот и рекреирање на дистанца

Националното координативно тело за борба против заразни болести во Црна Гора се согласи да ублажи одредени привремени мерки против ширење на коронавирусот, предупредувајќи ги граѓаните дека опасноста не поминала и дека е неопходно строго да се придржуваат кон сите важечки мерки.

– Анализирајќи ја епидемиолошката состојба, решено е на предлог на Институтот за јавно здравје дека забраната за движење, што досега важеше од 19 часот во работните денови, во сабота од 13 часот, а во недела од 11 до 5 часот следниот ден, во иднина да важи од 23 часот сите денови – објави прес-службата на Владата на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека продавниците за стока за широка потрошувачка кои досега добиле дозвола да работат со скратено работно време во иднина може да бидат отворени од 7 до 22 часот во работните денови и сабота.

Дадена е согласност за индивидуални спортски и рекреативни физички активности на јавни места, како што е трчање, со задолжително држење дистанца и почитување на сите други мерки на превенција, особено физичката оддалеченост.

Укинати се посебните мерки за жителите на општината Тузи, така што и за нив важат правилата како жителите на другите црногорски општини.

Националното координативно тело ги предупредува граѓаните дека опасноста не поминала и дека е потребно строго да се придржуваат кон сите важечки мерки. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ