сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЦветиновата мисија за мир за Бадник и Божиќ меѓу младите

Цветиновата мисија за мир за Бадник и Божиќ меѓу младите

“50 мировни цветни Златни денови” се во тек, кои секојдневно ги исполнува уметникот Живко Поповски – Цветин, а кои започнаа на 29 ноември минатата година во чест на сеќавање на датумот на неговиот почеток во уметноста, и ќе завршат на 18 јануари во очи на празникот Свети Јован. Во сите денови на улица Македонија пред спомен куќата на Мајка Тереза одржува изложба со своите цветни цртежи и ленти, со учество на поети, поетеси, писатели, уметници, новинари, просветни работници, ученици, пријатели и добронамерници.
Во чест на Божиќ и Бадник одржа ликовна работилница во куфулето “Лукс кафе” каде на младите ѝм го објаснуваше креативниот процес на создавање на уметнички цртеж од цвеќиња. Младите средношколци на уметност и архитектура Далибор Аврамовски и Филип Михајлов го проследија со внимание а убавата Ангела Митковска на уметнички начин ја рецитираше новата песна од поетот Мендо Димовски, посветена на Цветин. Дел од работилницата беа и други млади креативци.
Хуманистот и уметник Цветин објаснува дека ќе 50 златни цветни денови иако се од интимен карактер по повод 50-годишниот хармоничен брак сопругата Богданка, сепак главен акцент става на мирот и ткаење цврсти нишки на соживот меѓу сите граѓани во земјава и пошироко, како и меѓу сите генерации, без никакви предрасуди и ограничувања. Ва. Ѓ. Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ