вторник, јуни 18, 2024
домаЖивотДебарчаните во добра состојба, 40 тина лица под здравствен надзор, што со...

Дебарчаните во добра состојба, 40 тина лица под здравствен надзор, што со оние што се враќаат од 8мартовските патувања?

Како што информираат од Министерството за здравство, во моментов во домашна изолација и под здравствен надзор во земјава засега се наоѓаат околу 40-тина лица, поради контакти со двајцата сопружници од Општина Центар Жупа, соседна Општина на Дебар, кај кои завчера им е откриен корона вирус. Заразените сопружници втор ден се наоѓаат на Инфективната клиника во Скопје и се во стабилна здравствена состојба со лесна форма на болеста, но поради возраста се во ризична група.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на прес-конференција изјави дека лекарите ќе ја следат состојбата кај двајцата заболени, ќе се интервенира по потреба во ситуација да има влошување, а подготвени се и сите капацитети.

Министерот Филипче информира дека епидемиолозите нашле уште девет други лица кои се наоѓаат во околината на нивното место на живеење, а кои биле во близок контакт со двајцата пациентите и на сите деветмина им е определена домашна изолација и здравствен надзор. Идентификувани биле и сите преостанати патници од вкупно 28 лица кои се превезувале со нив во автобусот, а кои се исконтактирани телефонски. Според последното соопштение од Министерството за здравство, од нив 22 се во домашна изолација и здравствен надзор, а тројца веќе ја напуштиле земјата. За еден од патниците кој бил жител на Албанија, надлежните го известиле албанското Министерство за здравство за неговиот идентитет.

Возачот на автобусот, пак, со кој пристигнале двајцата сопружници на 27 февруари, во меѓувреме повторно заминал на тура за Италија, која се смета за жариште на визрусот во Европа. Вчера попладне откако пристигнал во земјава на граничниот премин Табановце нему му бил направен тест кој се покажал негативен на корона вирус. Исто така и на патниците кои вчера пристигнале со него им бил направен преглед од епидемиолозите на граничниот премин при што кај ниту еден не е индицирана болест и се пуштени дома.

Сите лица кои добиле решение на ДСЗИ за здравствен надзор со полициска придружба остануваат во домашна изолација, во случај на непостапување по решението следат правни консеквенци, предупредуваат од Министерството за здравство.

Во меѓувреме, Филипче информира дека е целосно подготвен и објектот за изолација во Демир Капија, како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и во Гостивар. Подвлече дека останува апелот на граничните премини сите да кажуваат вистинити податоци дали биле во контакт со заболени и дали имаат симптоми, поради порастот на бројот на случаи на заболени од корона вирусот низ Европа. Тој ги повтори и препораките за патниците кои се вратиле од странство да не се јавуваат на матичен лекар, доколку развијат симптоми.

Првата пациентка кај која беше утврден корона вирусот, а која е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести, се наоѓа во стабилна состојба. Тестот кој и бил направен завчера бил негативен на корона вирус, но согласно процедурата, истиот треба да биде повторен по 48 часа.

Останува да видиме како ќе се справат граничните службеници со патниците кои во вечерните часови треба да пристигнат од местата каде има регистрирано голем број на заразени и од каде заразата се шири…

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ