Во Станица 26 вечерва, 30 ноември од 22 часот „3 Гонга“ со гордост ви ја претставуваат трио формацијата „Trace Elements“ на прочуениот Паоло ди Сабатино со познатиот американски тапанар Денис Чемберс. Куриозитет за овој тапанар е што тој почнал да учи да свири уште на свои четири години, а почнал на настапува во ноќни клубови на само шест години.
Иако, нема формално образование, помеѓу тапанарите тој е еден од ретко познатите по својата техника во изведбата и брзината. Чемберс си поигрува со широк спектар на музички жанрови, но можеби е најзначаен за неговата џез фузија, фанкот и латинската музика.
Познат е по неговите „брзи раце“. Чемберс досега има снимено и настапувано со многу значајни музичари од светската музичка сцена како Џон Скотфилд, Џорџ Дјук, Брекер брадрс, Сантана, Парламент/Фанкаделик, Мајк Стерн, Грег Хоу…
Ова е негово трето гостување во Скопје. Првиот пат настапи со англискиот гитарист Џон Меклафлин и еднаш на големиот концерт со Сантана. Легендарниот тапанар кој досега има настапувано со најголемите имиња од светската музичка сцена, овој пат, заедно со Паоло Ди Сабатино и Христијан Галвез ја завршуваат својата европска турнеја токму во Скопје. Не пропуштајте го овој ексклузивен настан. Следната година на 8 ноември Денис Чемберс повторно ќе настапи во Скопје заедно со Виктор Вутен и Боб Франческини.