сабота, јули 27, 2024
домаЖивотЗдравјеДиета: заборавете на грицките

Диета: заборавете на грицките

Секоја диета има свои правила до кој мора да се придржувате за да го постигнете саканиот ефект. Одредени уверувања и не знаења често не водат кон правење грешки кога е храната во прашање.

Брзиот начин на слабеење, кога сакте за десет дена да изгубите пет килограми, ќе даде краткотраен ефект. Имено деновите кога сте на таква строга диета, вообичаено се препорачува да се јаде само грејпфрут и бистра супа. Нормално со внес во организмот помалку од 1000 калории дневно, килограмите ќе се стопат набризна и виеќе ослабнете. Недостатокот на храна ќе го намали вашиот метаболизам, што всушност ќе претставува проблем кога ќе почнете повторно да внесувате нормална количина на храна. Метаболизмот ќе биде успорен, па вие многу брзо ќе ги вратите изгубените килограми, а можно е дури и да ги зголемите.

Појадокот е многу важен оброк за секој организам. Без разлика дали сте на диета или не, него не смеете да го прескокнете. Здравиот појадок кој се состои од протеини и влакна, ќе го стабилизира организмот уште од утрина, па во текот на денот нема да имате напади на глад, пад на енергијата, ниту пак ќе посегнувате по дополнителни нездрави меѓу оброци. Истражувањата покажуваат дека луѓето што појадуваат имаат помалку  проблеми со вишокот на килограми.

Кога ќе решите да бидете на диета заборавете и на меѓуоброците од грицки кои вообичаено сте ги земале. Доколку продолжите со нивно консумирање резултатите од диеатата ќе изостанат.

Соковите и алкохолните пијалоци содржат калории дури и многу повеќе од некои јадења, па затоа кога сте на диета треба сосема да се откажете од нив. Течноста која е основна и многу важна за секоја диета е водата. Со внесување на доволна количина на вода, се забрзува метаболизмот, а со тоа и слабеењето. Затоа за секоја диета минималниот внес на вода на дневна основа не смее да биде под два килограми.

Уште неколку практични совети:

Немојте да си поставувате не реални цели. По губењето на првите пет килограми, вообичаено следи период на стагнација и тогаш треба да вложите многу повеќе труд и напор за да изгубите дополнителни килограми.

Ако не вжбате, немојте воопшто да започнувате со диета. Иако изгледа дека е многу полесно да се трпи глад отколку да се вежба, сите кои што сериозно размислуваат за своето здравје знаат дека едно без друго не може. Со здрава исхрана и вежби, вашето тело ќе ја достигне идеалната тежина и што е најважно ќе бидете здрави и убаво ќе се чувствувате.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ