вторник, декември 3, 2024
домаЖивотЗдравјеДуњи против слабокрвност и вишок килограми

Дуњи против слабокрвност и вишок килограми

Дуњата е овошје кое покрај за слатко и компоти може исто така да послужи како лосион за лице, маска против брчки …

За губење на килограмите

Дуњите имаат многу малку калории – само 57 калории на 100 гр, па можете да ги грицкате меѓу оброците, иако не се многу вкусни кога се свежи. Исто така може да направите компот од дуњи, но без шеќер, или да испечете дуњи во рерна: измијте ги, оставете ја кората, извадете ги семките и печете ги додека не омекнат.

Ако сте слабокрвни

Дуњите се богати со витамините Ц, Б1 и Б2, провитамин А, а содржат и калиум, натриум, цинк, железо, бакар, танини и органски киселини. Затоа сокот од дуњи се препорачува за лица со лоша крвна слика. Ставете ги во соковник и пијте секој ден по една чаша. Сокови кои се прават така што дуњите се варат во шеќер не се здрави и избегнувајте ги.

Против првите брчки

Направете лосион од дуњи и ставајте го на лицето два пати на ден. Лосионот се прави така што 200 гр кора од дуњи се чува три недели во три децилитри посилна ракија, најдобро комова. Кога ракијата ќе се исцеди, се собира во стаклени шишиња и херметички се затвора.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ