петок, јули 26, 2024

Еду катс“ работилници за филм за млади од Западен Балкан – одлична можност бесплатно да ги создадат првите филмови

Едукацијата на млади таленти од областа на филмот е целта на мрежата на филмски фестивали и организации „Еду катс“ што е формирана во рамките на проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, кој се спроведува со поддршка на „Британскиот совет“. Иницијатор на мрежата е „Планет-М“ од Скопје, организатор на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“, а партнери се: „Филм арт“ од Пожега, Србија (организатор на фестивалот и кампот за документарни филмови Интеракција), Здружението на млади уметници од Сараево, БиХ, организатор на Телемах младински Филмски фестивал (Telemach Omladinski Filmski Festival), Прифест од Приштина, Косово, организатор на Прифест меѓународниот филмски фестивал (PriFest International Film Festival) и Подгорица филм фестивал од Црна Гора, организатор на истоимениот фестивал.

Во текот на годинава во склоп на фестивалите на мрежата ќе се реализираат 10 креативни работилници за младите таленти од Западен Балкан на кои ги развиваат и снимаат своите први кратки или долгометражни филмови.

Во тек е повикот за првата онлајн-работилница за развој на први филмови со експерти од платформата „Фрст филм фрст“ (www.firstfilmsfirst.com). Повикот е отворен најдоцна до 15 мај за млади помеѓу 15 и 25 години, кои имаат идеја или сценарио за снимање на краток филм. Работилницата ќе почне во втората половина на мај со повеќе учесници и ќе се реализира во 5 работни дена во тек на две недели (според потребите и напредокот на проектите).

Во јуни на втората работилница ќе се квалификуваат најдобрите проекти од првата работилница како и понапредни проекти кои се спремни за продукција и ќе може да се пријават дирекно за втората работилница. Овие две работилници ќе се реализираат на зум-платформата. Можат да се пријават средношколци, студенти од филмски и сродни факултети (филмска и телевизиска режија, продукција, камера, монтажа, сценарио/драматургија), инфлуенсери, професионалци, полупрофесионалци или аматери од Западен Балкан. Работилниците се бесплатни за сите учесници, а познавањето на англискиот јазик е задолжително. Повеќе за работилниците и за начинот на пријавување, на следниот ЛИНК.

Учеството на работилниците вклучува едукација, интеракции со експерти и врсници од земјите од Западен Балкан кои споделуваат заеднички интереси во производството на видео содржини со подготвеност за тимска работа под надзор на менторите. Најдобрите три кратки филмски проекти како награда ќе добијат поддршка со бесплатно користење на опрема за снимање на филмовите (6K камера, објективи, тон и др.) .

Проектот исто така предвидува и поддршка за мобилност при што на најмалку 20 млади филмаџии ќе им бидат покриени патните трошоци за да учествуваат на креативни работилници во други земји каде ќе ги прошируваат своите знаења и ќе ги развиваат нивните идни проекти. Ова е единствена можност за младите таленти од Западен Балкан да ги развиваат и снимат своите први кратки филмови со поддршка од филмски експерти.

Мрежата EDU CUTS опфаќа филмски фестивали и организации кои се фокусирани на промоција и имплементација на едукација и мобилност на младите таленти. (www.educuts.com)

Проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“ финансиран од Европската Унија и поддржан од Британскиот совет, за цел да го поттикне дијалогот во Западен Балкан преку зајакнување на културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ