среда, мај 29, 2024
домаЖивотСценаЕмилија Цветковска: "Ред гарден" е убаво склопена приказна

Емилија Цветковска: “Ред гарден” е убаво склопена приказна

Валентина Ѓоргиевска Парго

Вашиот прв албум “Сон” излезе неодамна. Што содржи албумот и како е подготвуван?

– Албумот содржи седум песни. Текстовите се љубовни а музиката е поп рок. Го подготвувавме заедно со мојот колега Милорад кој што го правеше аранжманот, гитарите и околу продукцискиот дел. Текстот и музиката ги работев јас.

Вие се појавувате и како авторка на неколку песни. Се открива ли малку по малку сестраноста на Емилија, како музичарка?

-Уште како дете ја сакав музиката и имав голема желба и пишував тектови и музика. Завршив средно музичко како теоретичар, што значи дека музички сум писмена. Се појавив како автор во првиот наш албум, но моментално работам и на вториот.

Колку песни вкупно има “Ред гарден”, кога се создавани и каде сте настапувале во изминатава деценија?

-Ние имаме до сега само седум песни. Настапуваме заедно отприлика 9 години низ земјава. Имаме свирки најчесто во Куманово, Велес, Тетово итн. Заедно имаме настапено на музичкиот фестивал “Макфест”.

Некои од песните на албумот се навистина впечатливи, и заслужуваат спотови. Имате ли таков план?

– Летово планираме да направиме промоција на албумот како мини турнеја по градовите низ државава. Исто така до крајот на годнината ќе извадиме спот на една од песните.

Вие сте млада рокерка, иако во нашата земја има малку женски рокерки. Но, својата работа ја врзувате за бендот во кој успешно соработувате со рокер од друга генерација. Колку ви годи тој спој, на двајца рокери од различни генерации?

– Соработката нас ни е одлична затоа што доволно се познаваме музички. И знаеме точно што сакаме, ни се поклопува приказната.

Ви се допаѓа ли македонската музичка сцена, нуди ли доволно за една млада рокерка да се изрази колку што сака, може и заслужува?

-Македонската сцена моментално не е на добро ниво. Фали квалитетна музика. Рок музика во државава не се негува, за жал. Но сепак ние сме решени цврсто да газиме и да си створиме група на публика. Тоа за почеток ни е доволно.

Летово, каков ви е планот со настапи, знам дека имате многу ноќни свирки постојано.

-Како што спомнав летово ќе правиме промоција по градовите и веќе почнавме од Куманово, а ќе имаме и доста свирки низ државата.

Десет години на сцената, свој албум со “Ред гарден”, спотови, фестивали. Се оствари ли, засега, сонот на Емилија?

-Сонот беше албум, но се уште не е остварен. Додека не се случи концертот што го планираме после вториот албум. Планираме првиот наш концерт да биде хуманитарен. Е, тоа е мојот сон.

За крај, како падна одлуката за името на бендот и која е симболиката со Црвената градина?

-Идејата за името се црвена како боја на љубовта, а гарден како љубовна градина. Јас ги сакам многу ружите ме асоцираат на нешто романтично, но во исто време и мистично.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ