сабота, септември 7, 2024
домаНаше БебеЕндометриоза: Симптоми, дијагноза и третман на хроничното заболување кај жените

Ендометриоза: Симптоми, дијагноза и третман на хроничното заболување кај жените

Ендометриозата е хронично заболување кое се карактеризира со присуство на ткиво слично на ендометриумот (слојот на матката) надвор од матката, најчесто на јајниците, јајцеводите, и околните карлични органи. Ова ткиво реагира на хормоналните промени во текот на менструалниот циклус, предизвикувајќи воспаление, болка и понекогаш лузни.

Симптоми и Дијагноза

Најчестите симптоми на ендометриоза вклучуваат: Менструални болки (дисменореа): Болката обично почнува пред менструацијата и трае подолго од вообичаените менструални болки; Болки при сексуален однос: Многу жени со ендометриоза чувствуваат болка при сексуален однос; Хронична карлична болка: Постојана или повремена болка во долниот дел на стомакот и една од најчестите појави е неплодноста: ендометриозата е поврзана со проблеми со зачнување.

Дијагнозата на ендометриоза обично вклучува: медицинска историја и физички преглед: лекарот ќе ја разгледа вашата историја на симптоми и ќе изврши преглед. Ултразвук: Може да помогне во визуализирање на цисти поврзани со ендометриоза.Магнетна резонанца (MRI): Детален преглед на карлицата. Лапароскопија: Хируршки метод за дефинитивна дијагноза и третман на ендометриоза.

Третман

Лекувањето на ендометриоза може да вклучува неколку пристапи: Медикаментозна Терапија што подрабира нестероидни антиинфламаторни лекови (NSAIDs) што помагаат во намалување на болката. Се применува и хормонска терапија која што вклучува контрацептивни пилули, прогестини, гонатропин-ослободувачки хормонски агонисти, и антагонисти кои го намалуваат растот на ендометријалното ткиво. Во ретки случаи се препишуваат и ароматазни инхибитори кои се користат за намалување на продукцијата на естроген.

Кога станува збор за хируршки третман најчесто се користи лапароскопска хирургија за отстранување на ендометријалното ткиво, цисти и лузни. Во посебни случаи се користи и хистеректомија: Во тешки случаи, може да се предложи отстранување на матката, јајниците и јајцеводите.

Алтернативни и Дополнителни Третмани во однос на ендометриозата е физикалната терапија која се користи за намалување на болката и подобрување на функцијата на карличните мускули. Не е за потценување ниту акупунктурата како и диетата и промена на животниот стил: Промени во исхраната и редовна физичка активност можат да помогнат во управување со симптомите.Ендометриозата е релативно честа состојба. Се проценува дека околу 10% од жените во репродуктивна возраст (помеѓу 15 и 49 години) имаат ендометриоза. Оваа болест е значително почеста кај жени кои имаат проблеми со неплодност (30-50%). И покрај ова, многу жени не се дијагностицирани навремено поради варијацијата на симптомите и потребата за инвазивна дијагноза.

    Ендометриозата е хронична и често болна состојба која може значително да го наруши квалитетот на животот на жените. Раната дијагноза и правилното управување со болеста се клучни за намалување на симптомите и подобрување на животот. Иако нема лек за ендометриоза, постојат многу третмани кои можат да помогнат во управување со симптомите и подобрување на фертилитетот.

    Подготви: С.Х.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

    ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ