петок, септември 20, 2024
домаЖивотСцена„Гоце Фест 2018“ на 16 февруари во Дом на АРМ

„Гоце Фест 2018“ на 16 февруари во Дом на АРМ

Над дваесет новосоздадени родољубиви и патриотски песни, кои спроед најавата ќе ја отсликуваат реалноста на земјава, во изведба на етаблирани, но и млади македонски пејачи, ќе бидат исполнети на годинашниот „Гоце Фест“. Фестивалот ќе се одржи на 16 февруари 2018, во Дом на Арм во Скопје.
Ова е 28-то издание на „Гоце Фест“, фестивал кој почна во 1990 година, во чест на денот на раѓањето на големиот македонски патриот Гоце Делчев, 4 февруари.
Организатор на фестивалот е Ансамблот на народни песни и ора „Гоце Делчев“, а директор е Пеце Здравковски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ