среда, мај 29, 2024
домаКујнаГутереш : „Гута не може да чека, прекинете го овој пекол на...

Гутереш : „Гута не може да чека, прекинете го овој пекол на Земјата“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес ги повика страните во конфликтот во Сирија да воспостават 30-дневно примирје низ Сирија, во согласност со резолуцијата што беше усвоена.

„Источна Гута не може да чека, крајно време е да се запре овој пекол на Земјата“, рече Гутереш на отворањето на седницата на Советот за човекови права на ОН во Женева, објави АП.

Гутереш додаде дека агенциите на Обединетите нации се подготвени да достават помош и да ги евакуираат повредените луѓе од источна Гута, предградие на Дамаск, контролирано од бунтовниците, во кое живеат 400.000 луѓе под опсада.

Шефот на Агенцијата за човекови права на ОН, Зеид Раас ал Хусеин, изјави денеска дека нападите врз источна Гута продолжиле и утринава.

Во саботата Советот за безбедност на ОН едногласно ја усвои Резолуцијата 2401 со која се бараше 30-дневно примирје низ Сирија за да се овозможи пристап на хуманитарна помош и медицинска евакуација. Резолуцијата беше усвоена откако сириските провладини сили ги бомбардираа источните предградија на Дамаск седум дена по ред во една од најмоќните офанзива во сириската војна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ