сабота, јули 27, 2024
домаКујнаХрватска има 120 супермилионери, секој има над 30 милиони долари

Хрватска има 120 супермилионери, секој има над 30 милиони долари

Според податоците на лондонската консултантска фирма “Најт Франка”, од извештајот за минатата година, Хрватска има 120 супермилионери “тешки” повеќе од 30 милиони долари и 11,900 милионери од “полесна категорија”, пишува риечки „Нови лист“.

Во изминатите 10 години, како што се наведува, бројот на милионери во Хрватска се зголемил за 33 проценти. Ова, велат, е двојно повеќе од зголемувањето на бројот на милионери во Европа, каде што растот е 17 отсто, додека е значително побавен од светскиот просек, кој бележа раст од 42 проценти. Меѓу 120 супермилионери има 11кои имаат нето имот поголем од 100 милиони долари, е последната проценка на “Најт Франка”.

Во категоријата на милионери од “полесна категоријата” се вклучени оние чиј имот е над еден милион долари, или шест милиони куни. Весникот забележува дека се работи за милионери кои својот имот го пријавиле во Хрватска.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ