вторник, февруари 11, 2025
домаЕКОНОМИЈАХрватска последна во ЕУ по користење на обновливи извори на енергија во...

Хрватска последна во ЕУ по користење на обновливи извори на енергија во сообраќајот

Според податоците на Евростат, Хрватска се најде на последното место во Европската Унија по уделот на обновливите извори на енергија во транспортниот сектор во 2023 година.

Само 0,9% од регистрираните превозни средства во Хрватска во 2023 година биле напојувани со енергија од обновливи извори. Малку подобро од Хрватска стојат Латвија со 1,4% и Грција со 3,9%.

Најголем удел на обновливи извори на енергија во транспортниот сектор има Шведска со 33,7%, потоа Финска со 20,7%, Холандија со 13,4% и Австрија со 13,2%.

Во просек, уделот на обновливите извори на енергија во транспортот во ЕУ во 2023 година изнесувал 10,8%, што е зголемување од 1,2 процентни поени во однос на 2022 година.

Европската унија постави цел до 2030 година уделот на обновливи извори во транспортот да достигне 29%. Во моментов, Унијата е 18,2 процентни поени под оваа цел.

За да се достигне овој амбициозен план, би било потребно годишно зголемување од 2,6%. Меѓутоа, просечниот годишен раст на уделот на обновливите извори од 2014 до 2023 година изнесувал само 0,43%, што покажува дека е потребен многу поголем напор за да се забрза транзицијата кон еколошки одржлив транспорт.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ