петок, мај 24, 2024
домаЖивотЗдравјеИ чајот може да биде опасен?!

И чајот може да биде опасен?!

Луѓето кои редовно пијат многу топол чај се изложени на зголемен ризик од рак на хранопроводот, а дополнителни фактори на ризик се пушењето и консумирањето на алкохол.

Но, дури и луѓето кои никогаш не пушеле, ниту пиеле во голема мера, се изложени на поголем ризик од овој вид на рак ако секојдневно пијат врел чај, предупредуваат научниците.

Студијата спроведена во Кина, каде што пиењето чај е дел од културата на живот, покажа дека кај луѓето кои пијат чај потопол од 65 степени Целзиусови ризикот од рак на хранопроводот е пет пати повисок отколку кај луѓето кои ја немаат оваа навика, особено ако во „равенката“  се вклучени и алкохол и цигари, пишува „Дејли мејл“.

Овој однос се објаснува со тоа што врелиот чај предизвикува повреди кои го оштетуваат површинскиот слој на слузницата на хранопроводот, така што опасните отрови од алкохол и цигари полесно стигнуваат до ткивото.

Овој тип на рак најчесто ги зафаќа грлото и хранопроводот, а се јавува главно кај луѓе кои се во седмата деценија, почесто кај мажите. Во раните фази, додека туморот е мал, обично нема симптоми, но кога ќе почне да расте, се јавуваат проблеми со голтање, лошо варење, ждригавица, враќање на храната после јадење, губење на апетит …

Фактори на ризик се хронична ждригавица, пушење, консумирање алкохол во текот на подолг период, прекумерна телесна тежина, нездрава исхрана со ендоволен внес на овошје и зеленчук.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ