понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотСценаИ Џекс Џонс на „Ohrid Calling 2018“ - можност за бесплатен влез

И Џекс Џонс на „Ohrid Calling 2018“ – можност за бесплатен влез

Една од најактуелните хаус ѕвезди во моментов, новиот хитмејкер Џекс Џонс на „Ohrid Calling 2018“, вечерта на Илинден, нa 2 август, помеѓу големите фестивалски настапи на Димитри Вегас и Лајк Мајк (на 1 август) и Армин Ван Бурен (на 4 август).

-Токму поради тоа, „Авалон Продукција“ одлучи дека сите што ќе набават блок влезници за двата фестивалски денови (за 1 и 4 август), со истите да може БЕСПЛАТНО да присуствуваат на денот на настапот на Џекс Џонс на главната сцена на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид! – најави организаторот.

Сите оние, пак, кои ќе сакаат да го гледаат само неговиот настап на „Ohrid calling“, а немаат набавено блок влезници, тоа ќе може да го сторат со купување на влезници по многу популарни цени од: 500 денари – ПАРТЕР и 700 денари -ФАН ПИТ.

Џекс Џонс го запозна јавноста со синглот „You don`t know me“ кој молскавично одекна во светската музичка индустрија, се најде на врвот на сите топ листи и за кратко стана и огромен клубски хит.

На годинашните БРИТ награди овој млад диџеј доби и номинација за оваа песна и тоа во категоријата за „Најдобар сингл“. Неуморниот Англичанец неодамна ја објави и нумерата „Instruction“ со глобалната поп сензација Деми Ловато, а моментално е актуелен со „Breathe“ која ја освојува светската музичка сцена.

Влезниците за Џекс Џонс ќе бидат пуштени во продажба во сабота, од 09 часот наутро преку продажната мрежа на „Купи Карти За Се“ низ цела Македонија и онлајн.

Влезниците за Димитри Вегас и Лајк Мајк и Армин Ван Бурен можете да ги набавите по цени: единечни за 1000 денари ПАРТЕР 2, 1500 денари ПАРТЕР 1, 2000 денари ФАН ПИТ, и блок билети за двата фестивалски денови за 1.600 денари ПАРТЕР 2, 2.100 денари ПАРТЕР 1 и 3.000 денари ФАН ПИТ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ