петок, декември 20, 2024
домаЖивотСценаИ Харе Кришна дел од Евровизија 2018!

И Харе Кришна дел од Евровизија 2018!

Ексклузивно од Лисабон, Валентина Ѓоргиевска Парго

Возбудата наречена Евровизија 2018, ги троши последните одблесоци на сјај. Со прогласување на победникот Нета, и песната „Toy“, се згаснаа светлата и веќе најмасовниот и најубав музички фестивал на светот се сели во Израел. Останаа во спомен ексклузивни доживувања и спомени, за кои долго ќе се раскажува, поврзани со учесниците од 43 европски земји и Австралија, со преку 1.500 акредитирани новинари и фанови и волонтери, од цел свет, дури и од Кина од Бразил, Јужна Африка…

На Евровизија година доминираа млади лица, и песни од разни жанрови, меѓу кои македонските претставници “Ај кју“ не обезбедија место во финале, и со песната „Lost and found” завршија претпоследни во првата полуфинална вечер на 8 мај. Победничката Нета беше најексплозивна. На ВИП приемот со Претседателот на Португалија и градоначалникот на Лисабон, таа имаше облечено дводелен невестински фустан, и цело време предизвикуваше внимание. Бидејќи и се очекуваше да победи, со неа имаше дојдено бројна екипа. Дури и авионот со кој патуваше беше брендиран со нејзиниот лик.

Екипите сите денови ги уживаа благодатите на магичниот Лисабон, крстареа, а го посетија и магичниот туристички центар Синтра, преполн со паркови и уникатни замоци. Но, она што е засега неоткриена вест, за која медиумите не дознаа, е дека и свештеници и приврзаници на Харе Кришна од Литванија беа присутни на самиот настан, односно во самата делегација како придружба на пејачката од Литванија, Лева Засимаускаите. Поводот е што и таа е припадник на Харе Кришна.

– Таа е од оние кои доаѓаат секој ден, а не спијат во храмот. Навечер си заминува во домот на сопругот. Но, затоа и сме тука да ја подржиме, ни изјави свештеникот и нејзините пријатели со кои имавме обиколка на Лисабон. Дури и за време на обиколката свештеникот изврши ритуал на молитва, во автобусот.

Претставниците на Британија, Романија, Молдавија беа подржани од нивната делегација со тоа што носеа интересни облеки кои алудираа на знамињата на
земјите од каде доаѓаат, на тој начин лобирајќи низ прес центарот. А двете бои на македонското знаме на машна, нарачано преку Интернет, на себе го имаше Британецот Расел Дејвис, кој лобираше за Македонија.

Сега веќе се размислува за Евровизија 2019. Меѓународниот конгресен центар во Ерусалим, Бињанеи Хаума, каде што беше изведена Евровизија во 1979 и 1999 година, не е земен предвид. Градоначалникот на Тел Авив, Рон Хулдај, по победата побрза да каже дека градот ќе ги пречека догодина сите добронамерници, а премиерот Бенјамин Нетанјаху пак има друга идеја, вечерта јавно честитајќи ја победата изјави: “Следната година во Ерусалим“.

Кога Израел претходно беше домаќин на финалето на Евровизија во 1979 и 1999 година, настанот беше одржан во Меѓународен конгресен центар Бињанеи Хаума. Сепак, таму собира помал аудиториум, а во текот на изминатите 20 години настанот е зголемен со огромно полуфинале. Канцеларијата на портпаролот на општината Ерусалим соопшти дека настанот ќе се одржи во арената “Ерусалим Паис” со капацитет од 15.600 за концерти или на отворен Теди фудбалски стадион со капацитет од 31.000 посетители.

Нета Барзилаи е електронска музичарка, победи со нејзината песна “Играчка”. По неа следуваа и фаворитите Кипар и Австрија. За претставничката на Кипар, Елени и за Нета дури имаше изработено кукли, кои кружеа низ прес центарот. Оние кои губат имаат право да се лутат. Српската делегација по самото полуфинале ја обвинуваше РТС дека не им дала доволно пари за да имаат настап каков што сакаат, а откако влегоа не ја споменуваа таа можност и најубави зборови изразија за РТС.

На самото финале, на 12 мај, српскиот претставник Сања Илиќ на својот профил на истаграм објави дека телохранителите крвнички го тепале Албенецот кој се качи на сцена на настапот на британската Сури, го зеде микрофонот и извикуваше дека Британија е фашистичка земја.

Инаку, на Евровизија годинава присутна беше и екипа од Ал Џезеира од Катар и ТВ Манго од Кина, кои снимаа низ прес центарот и доделуваа интересни грицки со чудесен вкус, но оваа телевизија одби да го пренесува фестивалот, односно го цензурираше настапот на Ирска, поради промовирање на геј вредности, а Албанија поради видливата тетоважа на претставникот. 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ