Масимо Савиќ доаѓа на Антички театар во Охрид, поточно на 14 јули за кога „Авалон продукција“ го најави неговиот концерт.
-Кога се супер вокалите во прашање, одиме понатаму! Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот ZUCCHERO во Охрид на 25ти јули на Античкиот театар, се погриживме, некаде на отворањето на туристичката сезона да имаме задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на балканот во моментов, маестралниот Масимо. Се разбира, за неговиот беспрекорен перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар- совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули – најави организаторот.
Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следните песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu“, „Sjaj u tami“ …
Концертот на Масимо во Охрид , освен од традиционални спонзори на Авалон за оваа година, е помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работат таму оваа година.
Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на 21 мај, во 21 часот.