домаКујнаЈапонија со рекордна набавка на борбени авиони од последната генерација

Јапонија со рекордна набавка на борбени авиони од последната генерација

Во следните шест години, Јапонија планира набавка на најмалку 20 стелт борбени авиони од петтата генерација Ф-35А, јави „Ројтерс“, повикувајќи се на три неименувани извори. Според изворите, Јапонија некои или сите авиони ќе ги купи директно од американскиот производител „Локид Мартин“.

„Имајќи го предвид буџетот и распоредот на производството на авиони, набавката на 25 нови авиони е соодветна“, рекол еден од изворите.

Според изворот, купување на авионите по цена од 100 милиони американски долари по парче ќе и заштеди на Јапонија околу 30 милиони американски долари по авион.

Авионите кои Јапонија веќе ги поседува се склопени во фабрика во сопственост на „Мицубиши“, која е една од само две такви фабрики надвор од САД.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ