понеделник, мај 20, 2024
домаЖивотКаде и како е најдобро да се чуваат платнените маски за лице...

Каде и како е најдобро да се чуваат платнените маски за лице за време на пандемија?

Маските станаа нормален дел од нашите животи поради пандемијата и денес луѓето ја напуштаат куќата со маска, како да е тоа мобилен телефон или паричник. Но, како и каде е најдобро да се чуваат платнените маски за лице и колку често треба да се перат?

Определете чисто и суво место каде што ќе ги чувате маските
Може да биде во специјална фиока, проѕирен сад или торба. Држете ги подалеку од другите предмети што често ги допирате и потенцијално неизмиени раце, изјави за ХафПост д-р Питер Чин-Хонг, инфектолог и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија.

– На пример, да не се чуваат во фиока со долна облека или кујнски крпи. Не е потребно да се обезбеди апсолутен стерилитет, единствената важна работа е да не го допирате местото што сте го определиле за маски често со рацете – вели тој. Без оглед каде ќе се решите да ги ставите, внимавајте да не ги мешате чистите маски со нечисти.

Исто така, внимавајте да не ги мешате со туѓи маски
– Сега сите сме фокусирани на КОВИД-19, но има уште 300 други вируси кои предизвикуваат настинки и слични проблеми. Ако секој член на семејството се справи со своите чисти маски, тоа го намалува ризикот од пренесување на вирусот – вели Чин-Хонг и додава:

– Алтернативно, сите можете да ги чувате на едно место, но тогаш само еден член на домаќинството треба да биде одговорен за дистрибуција, со задолжително миење на рацете пред да ракувате со маски.

Аманда Кастел, професор по епидемиологија на универзитетот Џорџ Вашингтон, се согласува дека чувањето на сите чисти маски на едно место е во ред. Сепак, таа не препорачува споделување маски со другите членови на домаќинството.

Носете ја маската во торба кога одите некаде
Не фрлајте ја маската во чанта или во џеб, бидејќи може да се навлажни или да дојде во контакт со контаминирани предмети. Наместо тоа, со чисти раце, прво ставете ја маската во чиста хартија или пластична кеса.

– Кога ќе ја извлечете маската за да ја ставите, секогаш држете ја за ластиците. Избегнувајте да го допирате внатрешниот дел од маската што го допира вашето лице – вели Чин-Хонг.

Маските често се мијат
Некои експерти велат дека истата платнена маска може да ја носите повторно неколку пати во еден ден, сè додека не биде влажна, валкана или искината. Други велат дека треба да бидете внимателни и веднаш да ја исперете еднаш веќе употребената маска .

– Едноставно да ја ставите во машината со остатокот од алиштата и да ја измиете во топла вода е сосема во ред. Исушете ја на сончева светлина или на извор на топлина. Ако рачно ја измиете маската, потопете ја во белило, а потоа исплакнете ја со вода – советува професорот Чин-Хонг.

Маските за лице за еднократна употреба, како што се хируршките, не смеат да се перат и да се носат повторно. Фрлајте ги по секоја употреба.       Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ