домаНасловнаКако до потранспарентно родово буџетирање и родово чувствителни одговори во криза во...

Како до потранспарентно родово буџетирање и родово чувствителни одговори во криза во општина Ресен?

За подобрување на РОБ во општина Ресен, важно е да се создадат механизми за поголемо учество на жените и ГО во процесите на одлучување и буџетирање, да се развијат стратегии за економски развој со фокус на жените и руралните средини и да се обезбеди соработка со ГО со цел да се зголеми поддршката за ранливите групи. Неопходно е да се подобри свеста на граѓаните за родово одговорно буџетирање и да се активираат ресурсите за поддршка на жените, особено во руралните области.

Како економската криза влијае на еднаквите можности и родовата еднаквост беше анализирано преку истражување кое во Северна Македонија, Здружението на Новинари за човекови права, Скопје го спроведе во 8 мали до средно развиени општини по една од секој плански регион: Виница, Дебар, Демир Капија, Дојран, Јегуновце, Кратово, Ресен и Чучер-Сандево во соработка со повеќе граѓански организации во овие локални заедници.

Врз основа на анализата на истражувањето и на донесените поединечни и општи заклучоци и препораки, создадена е платформа за дејствување, со дефинирани чекори за кампањи во секоја земја и во регионот.

Заклучокот од сите општини укажува на неколку заеднички проблеми и предизвици во процесот на родово одговорно буџетирање: недоволно учество во локалните самоуправи, ранливост на жените и недостиг од поддршка за ранливите групи, а во повеќето општини недостасуваат социјални и економски можности, како и програми за зајакнување и поддршка на жените на ранливите групи и недостаток на родова свест. Недостаток на инфраструктура и социјални услуги, што дополнително ја влошува состојбата на жените и ранливите групи. Проблемите со кризни ситуации во кои жените се посебно погодени и координацијата на локалните самоуправи, како и вклучувањето на родовите аспекти и промовирањето на родовата еднаквост, го забавуваат спроведувањето на родовата политика. Генерално, заклучоците ја нагласуваат потребата од инклузивни и родово одговорни буџетски политики, со поголема свест, учество на жените и ГО, како и социјални инвестиции кои ќе ја подобрат положбата на жените и ранливите групи во овие општини.

Од анализата изведени се препораки според кои за подобрување на РОБ во општина Ресен, важно е да се создадат механизми за поголемо учество на жените и ГО во процесите на одлучување и буџетирање, да се развијат стратегии за економски развој со фокус на жените и руралните средини и да се обезбеди соработка со ГО со цел да се зголеми поддршката за ранливите групи. Неопходно е да се подобри свеста на граѓаните за родово одговорно буџетирање и да се активираат ресурсите за поддршка на жените, особено во руралните области.

Анализата беше изработена во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на одговорноста и родово чувствителните одговори на локалните власти на кризи во 3 земји“, имплементиран од 3 граѓански организации: Здружение на жени Природа-Братунац, Босна и Херцеговина и Младинско здружение Бечеј-Бечеј, Србија и Новинари за човекови права, Скопје-Северна Македонија. Проектот беше спроведен во 24 локални заедници/општини или 8 општини во секоја проектна земја.

Општата цел на проектот е да се зголеми транспарентноста и одговорноста за родовата еднаквост и родово чувствителните одговори на локалните власти на кризи и климатски промени во 3 земји од Западен Балкан.

Проектот е поддржан со средства од Австриската агенција за развој (АДА) и Шведската меѓународна агенција за развој (Сида) во рамките на проектот Gender Budget Watchdog Network II, односно во рамките на Мрежата за набљудување на родови буџети.  Австриската агенција за развој (АДА), оперативна единица на Австриската развојна соработка, е договорен партнер кој го поддржува овој проект, а Центарот за истражување и креирање политики од Скопје е главен имплементатор на проектот.

Препораките беа следни во останатите општини:

За да се подобри РОБ во општина Виница, неопходно е да се зголеми учеството на жените во процесите на донесување одлуки, да се подобри транспарентноста и свеста за буџетските процеси и да се обезбедат финансиски средства за поддршка на најранливите групи. Подобрувањето на инфраструктурата и социјалните услуги, како и креирањето стратегии за управување со кризи чувствителни на родот, ќе придонесе за подобра вклученост и повисок квалитет на живот за сите граѓани, особено за жените во руралните средини.

Општина Дебар се соочува со значителни предизвици во областите како што се економската и социјалната поддршка за жените, како и во спроведувањето на родово одговорни практики на буџетирање. За да се подобри РОБ, неопходно е да се зголеми учеството на жените во одлучувањето, да се подобри свеста за буџетските процеси и да се развијат конкретни програми за поддршка на жените, особено во руралните области. Поддршката на економскиот развој, социјалната интеграција и подобрената здравствена инфраструктура се клучни за создавање еднакви можности за сите граѓани.

Општина Демир Капија има потенцијал да стане поинклузивно и родово чувствително место, но за ова е потребно систематско инвестирање во образованието, транспарентност и развој на политики кои ќе ги земат предвид специфичните потреби на жените и другите ранливи групи. Клучните области за подобрување вклучуваат економско зајакнување на жените, подобрување на здравствената и социјалната инфраструктура и зголемување на нивното учество во процесите на донесување одлуки преку поактивно учество во буџетски консултации и јавни дебати.

За да постигне подобри резултати во РОБ, општина Дојран треба да ги вклучи жените и граѓанските организации во сите фази на буџетирање, да го зголеми финансиското учество на сите засегнати страни и да се фокусира на специфичните потреби на жените, особено во контекст на социјалните услуги, здравството и образованието.

За да се постигне РОБ во општина Јегуновце, неопходно е да се зголеми учеството на жените и ГО во одлучувањето, да се подобрат здравствените и социјалните услуги за жените и другите ранливи групи и да се инвестира во инфраструктура која ќе ја поддржи нивната економска и социјална сигурност. Посебен акцент треба да се стави на развојот на руралниот туризам и претприемништвото за жените, за нови економски можности и за поттикнување на одржливиот развој на општината.

За да се постигне РОБ во општина Кратово, неопходно е да се зголеми учеството на жените и граѓанските организации во одлучувањето, да се инвестира во економски и социјални програми кои ќе ги поддржат жените и другите ранливи групи, како и да се развие инфраструктура која ќе овозможи подобрување на квалитетот на животот, особено во време на криза. Постои потреба да се интегрира родовата перспектива во сите аспекти на општинското планирање и буџетирање.

За подобрување на РОБ во општина Чучер-Сандево, неопходно е да се зголеми свеста за буџетските процеси и да се воведат родово сензитивни политики кои ќе ги земат предвид специфичните потреби на жените и ранливите групи. Неопходно е да се стимулира активното учество на жените во локалната самоуправа и да се инвестира во програми кои ќе овозможат економски развој, здравствена и социјална заштита на жената, особено во руралните средини.

Повеќе детали за секоја општина поединечно, како и општите заклучоци и препораки може да се проследат во анализата која е јавно достапна онлајн и на следниот линк:

http://jhrmk.org/wp-content/uploads/2025/04/analiza-za-zajaknuvane-na-odgovornosta-i-rodovo-chuvstvitelni-odgovori-na-lokalnite-vlasti-na-krizi-vo-3-zemji-od-zapaden-balkan.pdf

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ