вторник, јуни 18, 2024
домаЖивотКампања за помош на медицинските сестри кои се борат со корона вирусот

Кампања за помош на медицинските сестри кои се борат со корона вирусот

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ информира дека започна кампања за помош на медицинските сестри кои се вклучени во борбата против пандемијата предизвикана од корона вирусот. Целта е со финансиски средства, лекарства, течности и суплементи да им се помогне на оние медицински сестри кои во моментов се соочуваат со борба за своето здравје и здравјето на пациентите.

За почеток извршниот одбор на здружението одлучи месечната членарина за овој месец да ја донира за оваа кампања. Со овој мал симболичен допринос, од нас за нас, ќе успееме да помогнеме во одредени сегменти и да обезбедиме барем дел од неопходните суплементи за медицинските сестри – се вели во соопштението на здружението.

Од вчерашниот ден во функција е и бројот за донации на T-Mobile 143 141 преку кој сите граѓани кои се во можност може да донираат по 100 денари од повик.

Исто така отворена е и специјализирана жиро-сметка за донации (210-0720099401-26, НЛБ Банка) на која сите добронамерници може да донираат средства за помош на медицинските сестри кои се борат против пандемијата предизвикана од корона вирусот.

На крајот од соопштението од здружението велат:„Нека оваа кампања биде почеток на крајот на пандемијата, а сите ние ГЛАСОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ“.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ