домаЖивотСценаКаролина со концерт на Антички театар на 11 август

Каролина со концерт на Антички театар на 11 август

После успешно распродадената пролетна турнеја во повеќе концертни сали низ градовите во Македонија, Каролина и нејзиниот бенд доаѓаат во Охрид со двочасовен open air концерт и тоа на 11-ти август, на најубавиот простор во нашиот туристички бисер, Антички театар, најавува „Авалон продукција“.

На концертот ќе прозвучат сите песни од албумот „Извор“, како и најубавите песни од историскиот проект „Македонско девојче“.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба од оваа среда (04-ти јули) во 09 часот, онлајн преку Avalon.mk, продажната мрежа на „Купи Карти За Се’ низ цела Македонија и во Југотон по следниве цени: SILVER SEATS – 500 денари и GOLDEN SEATS – 800 денари.

Продажни места во Охрид на ККЗС: ТА Вис пој, ТА Атлантис, Топ Тобако, Топ маркет Ориент, Топ тобако 2 и ЗЗ Топ мјузик шоп.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ