Брус Вилис боледува од фронтотемпорална деменција – неизлечива и агресивна болест која брзо напредува и која, за жал, полека го гасне славниот актер. Иако на последните фотографиите од папараци речиси и не покажува дека се соочува со тежок здравствен предизвик, состојбата е многу посериозна отколку што изгледа.
Неговата сопруга, Ема Хеминг, неодамна ја растажи јавноста со откритието дека Брус веќе не живее заедно со семејството. Тој е сместен во посебна куќа на истото имение, каде што добива 24-часовна нега. Во својата книга „Неочекувано патување“, која брзо стана бестселер, Ема искрено раскажува за борбата со ова исклучително болно искуство.
„Смртта автоматски ја поврзуваме со пропаѓање, со загуба, со непознатото. Луѓето поради тоа се чувствуваат непријатно – таа тема е табу,“ пишува Ема. Таа признава дека долго време ја одбегнувала мислата за најлошото, просто затоа што никој никогаш не ја научил како да се справи со длабока тага.
Но болеста на Брус ја принудила да се соочи со реалноста: фронтотемпоралната деменција е неизлечива и неминовно води до најтрагичен исход.
Според медицинските податоци што Ема ги наведува, луѓето со оваа дијагноза просечно живеат од 7 до 13 години по појавата на првите симптоми. Кај Брус, болеста веќе напредува: таа му ги брише спомените, а со време го лишува од способноста да зборува и да се движи.
Одлуката која растажи, но и го инспирираше свет: Мозокот на Брус Вилис ќе биде дониран
Ема откри дека неговиот мозок ќе биде дониран по неговата смрт – одлука што, според неа, многу веројатно ја донел самиот Брус додека бил во состојба да размислува јасно.
„Таквата донација е неверојатно значајна. Таа ќе помогне во напредокот на истражувањата, развојот на третмани, а можеби еден ден и во пронаоѓањето лек – не само за оваа болест, туку и за други невродегенеративни состојби како Алцхајмерова и Паркинсонова болест“, нагласи Ема Хеминг.
Нивната одлука ја потресе јавноста, но истовремено отвори важна тема: потребата од поддршка, разбирање и научен напредок во борбата против болестите кои го одземаат најскапоценото – сеќавањата, личноста и достоинството.
Животот на холивудската легенда се менува, но неговото наследство – и животно и филмско – останува силно. А неговата донација би можела да биде чекор што ќе им отвори пат на идните генерации кон подобро разбирање и лекување на овие разорни болести.
Н.Д.

