четврток, април 25, 2024
домаКујна„KFC“ остана без пилешко, граѓаните се жалат на полицијата

„KFC“ остана без пилешко, граѓаните се жалат на полицијата

Полицијата апелираше до граѓаните во Велика Британија да престанат да ги бараат околу проблемите со недостиг на пилешко во синџирот на брза храна „KFC“.

Синџирот на брза храна „Кентаки фрајд чикен“(Kentucky Fried Chicken – KFC) објави дека 470 од 900 од неговите ресторани во Велика Британија не работат поради недостаток на пилешко. „KFC“ рече дека недостатокот почнал да се чувствува минатата недела кога го смениле снабдувачот и го избрале ДХЛ.

Отворените ресторани работат скратено со ограничени менија. „KFC“ прво се извини во саботата. Сега вели дека очекува проблемите да продолжат во текот на неделата. Синџирот на ресторани одби да посочи детали за тоа што ќе стори за да го реши проблемот со снабдувањето со пилешко. Сепак, очигледно недостатокот за некои е вонредна ситуација.

„KFC“ соопшти дека се надева оти бројот на затворени продавници ќе биде се помал во наредните денови, додавајќи дека ќе работи колку што е потребно за да се компензира заостанатиот дел.

Тие посочија дека секојдневно имаа повеќе испораки, додавајќи дека некои ресторани ќе продолжат да работат, додека други ќе работат со скратено работно време или ќе останат затворени.

Да потсетиме, американскиот синџир ресторани за брза храна „Кентаки фрајд чикен“ (KFC) мораше да затвори повеќе од 900 ресторани во Велика Британија и Ирска. „ KFC“ беше принуден на тој потег  – поради недостиг на пилешко, што е негова главна суровина.

Компанијата ДХЛ, која неодамна го презеде бизнисот на добавувач на „KFC“, рече дека „поради оперативни проблеми, голем број испораки биле нецелосни или одложени во последните неколку дена.“

ДХЛ се извини за „непријатностите и разочарувањето на KFC и нивните клиенти“, додавајќи дека се трудат да го вратат нивото на услугата што побрзо во нормала. Возачите чекаа и 10 часа за да ја растовари робата, па се создаде низа од камиони кои чекаат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ