сабота, јули 27, 2024
домаЖивотКнига и честитка од вредната Славица од Дневниот центар од Кратово!

Книга и честитка од вредната Славица од Дневниот центар од Кратово!

Едно прекрасно дело никна неодамна, Славица Петковска својата љубов и почит кон нашиот Тоше ја преточи во книгата “Бесконечна љубов”, а делото ќе биде наменето за хуманитарни цели во нејзиното родно Кратово.

А, редакцијата на text.mk доби убава новогодишна честитка од оваа наша верна и талентирана читателка, креативна млада уметница која прави цртежи и уметнички изработки, а пишува и поезија и проза. Таа сега нѝ напиша:

“Ние децата од дневниот Центар Кратово почнавме со новогодишните изработки, честитки правиме. Убави изработки за Нова Година и ќе чекаме гости. Гости кои нѝ носат Божиќни пакетчиња. Јас сум возрасна и сакам да ги гледам дечињата колку среќа има во нивните очи. Кога некој ќе ѝм подари нешто за него тоа што ќе ѝм значи многу. А тоа ме прави многу среќна гледајќи ги среќни. Го чекаме Дедо мраз, пишива Славица Петковска, и додава :

– Нашата Зорица нѝ раскажува дека Дедо Мраз доаѓа од Лапонија носејќи нѝ пакетчиња кои нѝ носат радости. Искрено јас сум дете во дневниот центар но сакам да ги радувам децата. Срцето ми е полно со среќа и посакувам еден ден да можам да направам нешто повеќе за нив. Верувам ќе дојде тој ден, ве сакам убави дечиња. Исто така сакам да ѝ се заблагодарам на Зорица, што ми дозволи да го напишам оваа убава статија таа знае колку ги сакам децата. Знаеше колку оваа ме прави среќна, затоа не размислуваше многу кога ѝ кажав за мојата идеа. Јас многу го сакам Дневниот центар за сѐ што можам да правам, и сум многу среќна таму, сум благодарна на целиот тим. Ви ги честитаме Новогодишните празници. Ве поздравуваме, стои во честитката која нѝ ја испрати вредната Славица Петковска, која често нѐ известува за активностите на овој центар.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ