среда, декември 4, 2024
домаКујнаКоја е најбогатата жена во Африка?

Која е најбогатата жена во Африка?

Веќе 20 години, „Плажата Мајами“ е едно од најпопуларните места за забава во Луанда, главниот град на Ангола. Во овој период од дваесет години, заврши граѓанската војна што ја опустоши Ангола, нафтениот бум што создаде милијарди заврши со распад, а еден од лидерите на Африка, Хозе Едуардо дос Сантос, беше принуден да се повлече од функцијата претседател. Тоа беше период кога среќната елита на Анголанците направи богатство – но се чини дека никој не направи повеќе од ќерката на поранешниот претседател Изабел дос Сантос, за кого Форбс тврди дека вреди 2,2 милијарди долари (1,7 милијарди фунти), пишува Гардијан.
Барот на плажата Мајами беше прва инвестиција на Дос Сантос во Ангола. Во средината на деведесетите години од минатиот век, откако се врати во Ангола по студиите во Лондон, Дос Сантос добила удел во тогашниот проблематичен бар, кој, во меѓувреме, процвета.
Критичарите тврдат дека нејзиното огромно богатство е еден вид немилосрдност во една од најсиромашните земји во светот. Дос Сантос (46), пак, инсистира на тоа дека нејзиното богатство е резултат на напорна работа и лутина во бизнисот, а нејзините приврзаници велат дека нејзината приказна за успех е инспиративна, особено за жените од Африка.

Како ќерката на поранештниот претседател Дос Сантос заработила толку многу пари, исто така е предмет на истрага на властите во Ангола. Анголските обвинители започнаа кривични истраги против неа, додека таа беше шеф на државната нафтена компанија „Сонангол“. Пред три недели, во одвоена акција,, државниот правобранител најави замрзнување на имотот на Дос Сантос и нејзиниот сопруг Синдик Докола, тврдејќи дека нивните зделки со јавни и нафтени компании во јавна сопственост во земјава и „наштетиле“ на државата со една милијарда долари. Дос Сантос е родена 1973 година во Баку, Азербејџан, каде се сретнале нејзините родители. Во тоа време, нејзиниот татко билслужбеник на Комунистичкото народно движење за ослободување на Ангола (МПЛА). Нејзината мајка беше шампион во шах. Две години подоцна, португалскиот колонијален режим се распадна, а четири години после тоа, Хозе Едуардо дос Сантос, во 1979 година, стана претседател на Ангола, а семејството се пресели во претседателската палата.
Откако нејзините родители се разведоа и земјата беше фатена од граѓанска војна, Изабел Дос Сантос отиде во Лондон со нејзината мајка, каде што дипломира електротехниката на Кинг Колеџот во Лондон. По дипломирањето, таа помина две години во Coopers & Librand, сметководствена фирма сега позната како PvC. Подоцна, кога кратко се чинеше дека граѓанската војна е завршена, таа се врати во Ангола, каде што започна бизнис со транспорт.
Таа своевремено ги отфрли обвинувањата дека, како најстара ќерка на претседателот, му помогнала на конзорциумот во кој била вработена да победи на јавен тендер за лиценца за мобилна телекомуникација кон крајот на 90-тите. Unitel сега е најголемиот провајдер на мобилни телефони во земјата. Оттогаш, нејзината деловна империја расте, поттикнувајќи дополнителни обвинувања, кои таа ги негира, дека влијанието на нејзиниот татко, директно или индиректно, и помогнало да собере огромно богатство. Исто така, поседува удели во фирми од цемент, дијамант и банкарство, како и акции во мрежа на супермаркети, сателитска телевизија и пивара. Изабела со сопругот поседува и огромен пентхаус во Лисабон кој има паркинг простор за седум автомобили. Во Лондон, тие, наводно, имаат три куќи во една затворена зграда во Кенсингтон. Исто така, има луксузен стан во зграда во Монте Карло, купена за 50 милиони евра преку малтешка компанија и вила која се наоѓа во Алгарве. Колекцијата на Дос Сантос за африканската уметност, што ја одржува неговата фондација, се смета за најголема во светот, а има дела и од Енди Ворхол.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ