четврток, декември 19, 2024
домаТехнологијаАвто-МотоКомпанијата „Тесла“ го презентираше и првиот електричен камион

Компанијата „Тесла“ го презентираше и првиот електричен камион

Американскиот производител на електрични возила „Тесла“, покрај трите модели на електрични патнички возила, го претстави електричниот камион како круна на својот развој. И тој ќе биде наречен „Тесла“ по генијот од Смиљан.

Илон Маск, извршен директор и сопственик на компанијата „Тесла“, е еден од најголемите љубители на батериите, па неговото ново возило не е хибрид со дизел мотор, ниту има мотор со водород кој сега е модерен, туку се напојува исклучиво на батерии.

„Полначите ќе бидат достапни за камионџиите на сите долги правци во Америка. На брзите полначи во просек ќе им треба неколку часа за да го наполнат возилото. Едни ќе се полнат дење, а други ноќе“, рече Маск.

„Опсегот се движи од 200 до 300 милји, поточно од 321 до 482 километри. Батериите ќе бидат литиум-јонски. Тоа ќе биде целосно автономно возило, што значи дека авто-пилотот ќе може да го вози камионот од една до друга точка без загуба на енергија“.

Конструкторите го намалија отпорот на воздухот. Бравите се вдлабнати, а одредени делови од камионот можат да го променат аголот за да ја постигнат најдобрата аеродинамика на возилото.

„Батериите се наоѓаат долж подот на камионот, како што е случај со нашите автомобили. Тежиштето на возилото ќе биде толку ниско што ќе биде полесен за управување, што е особено предност кога станува збор за силни странични ветрови“, додаде Маск.

Операторите на транспортните флоти се многу помалку склони кон ненадејно купување на возила од купувачите на автомобили. Сепак, иако камионот најверојатно ќе биде скап на почетокот, „Тесла“, најверојатно, со намалената потрошувачка на гориво и трошоците за одржување ќе направи неговото купување да се исплати веќе во рок од пет години.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ