„Демофест“, најпознатиот регионален фестивал на демо бендови, уште еднаш се покажа како сигурна отскочна штица за музички таленти од регионот на поранешна Југославија! Во пресрет на 11-тиот конкурс за Демофест , овој пат одлична вест доаѓа од Риека, од алтер рок бендот „Норд“, еден од победниците на „Демофест“, кој за неколку дена тргнува на првата интерконтинентална турнеја – низ Азија!
Имено, откако „Норд“ минатата година со помош на „Демофест“ го објави фаленото студиско првенче “Play Restart” (Geenger Records), следуваше соработката со Алфа Омега Менаџментот, кој е одговорен за наведената турнеја, и следуваше официјална турнеја насловена “Play Restart China Tour”. Турнејата низ Кина ќе се одржи од 16 март до 6 април, за време на која „Норд“ ќе одржи 16 концерти во поголем број градови.
“Ние често се потсетуваме каде и како започнавме, и каде ни беше нашата прва отскочна штица, а тоа се разбира е единствениот „Демофест“ во Бања Лука. Ако не се пријавевме тука, јас навистина се сомневам дека работите ќе се развијат со иста брзина и дека сега веќе ќе патувавме во Кина, по само четири години работење со „Норд “, вели возбудено Михаел Прошен, фронтмен на бендот.
Имајќи предвид дека во тек е конкурсот за натпреварувачките групи за 11. „Демофест“, Михаел и тимот апелираат регионалните демо бендови да аплицираат.
“Од срце му препорачуваме на секој музичар во регионот да се пријави на овој фестивал, бидејќи нема што да загуби, а да се добие може многу. Сакаме да ја искористиме оваа можност уште еднаш да им се заблагодараме на неверојатна екипа на луѓето кои го прават овој фестивал и со своите супермоќи успеале да го одржат „Демофест“ и да го направат еден од најдобрите музички фестивали на кој музичар може да доживее неповторливото искуство. Драги наши суперхерои – благодариме и честитки од нордиските луѓе! “, наведуваат Риечаните.
На успехот на „Норд“ не се помалку горди ни претставниците на „Демофест“, кои истакнуваат дека ова е уште еден показател дека со голема поддршка за авторските бендови и заедничките сили може да се направат големи работи.
“Ние сме многу горди на „Норд“ и се што успеаа да направат по освојувањето на победата на „Демофест“. Понекогаш и најмала поддршка е доволна за постигнување на одлични резултати, па уште еднаш ги покануваме сите демобендови да аплицираат за 11-тиот фестивал „Демофест“, кој оваа година го спроведуваме со помош на пиварницата во Бања Лука, како наш генерален спонзор “, велат од Демофест.
Конкурс за натпреварувачките бендови на 11. Демофест е отворен до 1 април 2018 година, а сите детали може да се најдат на официјалната страница demofest.org. Демофест оваа година ќе се одржи од 19 до 21 јули на тврдината Кастел во Бања Лука.