Познатиот мјузикл “Коштана” од Борисав Станковиќ, во музичка адаптација на Влатко Плевнеш ќе се игра на сцената на Домот на културата “Антон Панов” во Струмица, на 1 септември. Коштана е музичката ѕвезда Силвана Мучиќ Плевнеш, а Митке актерот Илија Струмениковски. Играат уште и бројни актери и музичари.
Струмичани ќе имаат можност да уживаат во неповторливата и оригинална изведба на Силви на „Шано душо”, „Отвори ми бело Ленче”, „Крај Вардара седеше”… Издаден е и албум со песни од театарската претстава „Коштана” во издание на „Сил-вла” продукција и веќе се наоѓа во продажба.
Мјузиклот се игра десеттина години, а оваа сезона ја почна летово, со претстава во Долни Сарај, Охрид.
“Коштана” на први септември во Струмица
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!