Лидерот на косовската партија Самоопределување, премиерот во заминување, Албин Курти, изјави денеска дека нема да оди на работа, туку ќе ги извршува своите должности од дома затоа што еден вработен имал близок контакт со лице заразено со корона вирусот, па се чека резултатот од тестот.
„Денес е првиот ден кога нема да одам на работа како премиер. Претставник на Министерството за евроинтеграции имал близок контакт со едно позитивно лице. Го чекаме резултатот од тестот“, напиша Курти на својот Фејсбук, додавајќи дека имал контакт со него, како и со други службеници. А.Р.