Слушнете го новиот сингл на „Љубојна“ насловен „Љубов по Татунчо“, од музиката за македонскиот игран филм „Стела“ чија што премиера се очекува наскоро.
Оваа нумера е дело на „Љубојна“ – композитор и аранжман Оливер Јосифовски, текст Вера Јосифовска.
Спотот за новиот сингл е снимен во продукција на „Dream Factory Macedonia“ и „TulipPro“, а музиката во Студио „Подрумот“. Ова е истовремено и најава за новиот албум на„Љубојна“ со целосната музика од филмот „Стела“. А.Н.

