понеделник, јуни 17, 2024
домаЖивотЗдравјеЛуѓето ќе станат нетолерантни на алкохол?

Луѓето ќе станат нетолерантни на алкохол?

Во продолжување на еволуцијата човештвото може да стане прилично нетолерантно на алкохол – научни студии покажуваат дека луѓето развиваат ген кој ја уништува толеранцијата на алкохол.

Како што наведе „ИФЛ сајанс“, научниците од Универзитетот во Пенсилванија откриле модификација на механизмот одговорен за дехидрогеназа на алкохолот. Тоа може да го промени начинот на кој луѓето толерираат алкохол.

Дехидрогеназа е ензим кој го раствора алкохолот, и тоа така што го метаболизира во соединение на ацеталдехид (етанал), токсична хемикалија одговорна за главоболката утрото по пиењето. Сепак, телото е во состојба релативно брзо да го претвори тоа во ацетат, кој не е токсичен, па човекот се чувствува подобро по отприлика еден ден.

Но, еволуцијата може да ја отстрани човечката зависност од алкохол така што ќе создаде нова верзија на генот што ќе дејствува на толеранцијата на алкохол, како и на способноста на телото да го претвора ацеталдехидот во ацетат. Ова значи дека на конзументот ќе му биде лошо од најмала количина пијалок. Засега овие гени се откриени само во Источна Азија и во Западна Африка.

Научниците ги анализирале гените на 2.500 луѓе од 26 групи на жители од четири континенти. Новата студија покажува дека постои тенденција за изедначување на некои од гените во целиот човечки вид.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ