сабота, јули 27, 2024
домаЖивотСценаМакедонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио

Македонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио

Еден од најуспешните диџеи и продуценти од земјава ГАЛОСКИ со огромен успех на својата мини турнеја во Јапонија. Галоски успеа да го распродаде V2 Tokyo, станува збор за еден од најпознатите и најпопуларни ноќни клубови во Токио, каде што како дел од листата на артисти кои настапуваат и гости може да сретнете имиња Justin Bieber, One Direction, Neymar, Dr Dre, The Chainsmokers, The Black Eyed Peas, Florida, Ne-Yo и други, соопштуваат од „Спектаклум“.  

Како дел од неговата мини турнеја во Јапонија нашиот диџеј и продуцент настапи и во ELE TOKYO и VILLA TOKYO.

На еден од настапите нашиот диџеј имал специјална посета од г-дин Џеки основачот на DJMAG (Јапонија), едно од најголемите светски списанија за електронска музика и диџејство, што само ја потврдува големината на нашиот артист.

До крајот на месецот Галоски ќе настапи во Шпанија, Австрија како и заедно со светски познатиот диџеј Афроџек на 30.03.2018 во Љубљана, Словенија.

Галоски неодамна потпиша издание за една од најголемите издавачки куќи за електронска музика во светот Armada Music која е во сопственост на светската денс икона Armin van Buuren.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ