четврток, април 25, 2024
домаЖивотСценаМаријан Стојаноски се враќа на сцената - „Без тебе“е неговата најнова песна!

Маријан Стојаноски се враќа на сцената – „Без тебе“е неговата најнова песна!

Валентина Ѓоргиевска Парго

Задоволство ми е во прилог на овој маил да Ви ја доставам мојата нова песна насловена “Без тебе”, гласи мејлот во кој новинарите ја добија во мп3 новата песна на  поп пејачот Маријан Стојаноски, кој по подолга пауза, најавува враќање.

Музиката и аранжманот се на Дамјан Лазаров а текстот на Ана Пандевска. Спот ќе се снима наскоро.

Маријан кој веќе подолг временски период апстинира на музички план, речиси две години наназад се подготвуваше за повторно музичко делување на поп сцената. Пејачот, кој пред 15-тина години ги испеа хитовите „Го молам небото“, „Дали ти си ова небо“, „Го напуштам овој град“, „Има нешто“,  „Подарок“, „Ненаситен“, „Овој ритам е јак“, „Срце ќе ти украдам“, „Андреа“ и други, кој испеа одлични дуети, земаше бројни награди на домашни и меѓународни фестивали, се враќа назад со „Без тебе“.

Поради убавиот глас и музичкото образование, Маријан повеќе од една деценија е дел од хорот на Македонска опера и балет. Последниве години настапи на „Скопски фестивал 2014“ и на „Макфест 2015“.

Инаку, тој е роден крушевчанец, и секој слободен миг го користи за релаксација во родното Крушево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ